за нас

BARevolution го прилагодува кетерингот според презентацијата на брендот и темата на настанот и ви нуди уникатен концепт, единствен само за вашиот настан.

Коктелите се секако најатрактивниот дел од секој кетеринг. BARevolution тимот ви гарантира дека ќе ги добиете најдобрите коктели бидејќи главни состојки во секој коктел се квалитетот и професионалноста. Изборот на коктели кои ви ги нудиме е голем: класични, Pre-Dinner, After-Dinner, популарни, егзотични, безалкохолни...

Исто така, можеме за вашиот настан или забава да креираме коктел кој ќе одговара на вашиот бренд или тематиката на настанот. Нашиот избор е секогаш квалитет и затоа за подготовка на коктелите секогаш користиме премиум брендови и најдоброто свежо овошје.

Нашиот избор на коктели, вина, алкохолни и безалкохолни пијалоци ги задоволува потребите и вкусовите и на најпребирливите клиенти.

тим

Дарко Ангелески

Претседател на Здружение на Бармени на Македонија. Инструктор во BARevolution Центарот за обука на Бармени. Со 15 годишно во професијата, учество на меѓународни натпревари како натпреварувач и како судија.

Филип Арнаудов

Потпретседател на Здружение на Бармени на Македонија. Инструктор во BARevolution Центарот за обука на Бармени. Со 15 годишно во професијата, учество на меѓународни натпревари како натпреварувач и како судија.

клиенти