центар за обука на бармени

Овие курсеви се наменети за сите кои сакаат да ја работат барската работа и за оние кои ја работат, но сакаат да се стекнат со нови вештини и техники во истата.

Со тоа ќе ги зголемите шансите за работа и ќе придонесувате повеќе во баровите каде работите. Затоа инвестирајте во себе и зголемете ги шансите за подобра или поплатена работа.

BARevolution e единствениот сертифициран центар во Македонија и пошироко за ваков тип тренинзи и обуки од областа на bartending, barista, и bar management. Курсевите се одржуваат во просториите на BARevolution, кои располагаат со целата потребна опрема за изведување на истите.

Тренерите кои ги изведуваат курсевите, располагаат со огромни знаења и вештини сето поткрепено со сертификати и дипломи за обучувачи од оваа област.

Секој ученик се стекнува со материјали со теоријата од курсот и интернационални рецепти на коктели од IBA (International Bartenders Association), како и сертификат (1 на македонски и 1 на англиски), одобрен од Здружение на Бармени на Македонија член на IBA (International Bartenders Association).

курсеви

Основен курс за бармени

Овој курс е наменет за сите оние кои сакаат да се запознааат со основата
на барската работа.

Програма на курсот:

работа во бар запознавање со алкохолни и безалкохолни пијалоци; запознавање со барската опрема и алат; хигиена во бар; техники на спремање коктели; техники на послужување; техники на продавање; подоготовка на најпознатите светски коктели.

Траење на курсот:

28 часа / 7 дена,
3-4 пати неделно по 4 часа

Курсот содржи:

30% теорија, 70% пракса,
писмен и практичен испит

Предуслови:

кандидатот мора да има
полни 18 години
цена на курсот: 12.000 денари

Напреден курс за бармени

Курсот е наменет за сите оние кои сакаат да напредуваат во барската професија и е продолжение на основниот курс

Програма на курсот:

напредни вештини и техники; поопширна обука за алкохолни и безалкохолни пијалоци; фермантација и дестилација; историја на производство на алкохол; ; тестинг и демонстрации; историја на коктелите; категории на коктели; вовед во миксологија.

Траење на курсот:

24 часа / 6 дена,
3 пати неделно по 4 часа

Курсот содржи:

40% теорија, 60% пракса,
писмен и практичен испит

Предуслови:

кандидатот да има
завршен основен курс
цена на курсот: 12.000 денари

Миксологија

Курсот е наменет за сите оние кои сакаат да научат нови техники во подготвувањето на коктели, да го подобрат знаењето и техниките во мешањето на состојките за да добијат коктели со најдобар вкус.

Програма на курсот:

Коктел култура; Нови генерации рецепти за коктели; Избор на најдобри состојки за коктелите, Како да креирате нов коктел; Техники за поголема продажба; Сервис и грижа за гостите.

Траење на курсот:

24 часа / 6 дена,
3 пати неделно по 4 часа

Курсот содржи:

40% теорија, 60% пракса,
писмен и практичен испит

Предуслови:

кандидатот мора да има
завршен напреден курс
цена на курсот: 12.000 денари

flair курсеви

Working Flair

Програма на курсот:

Курс за обука на Бармени и кои имаат желба да се стекнат со нови и атрактивни вештини во спремањето на коктели. Ова е можеби најинтерсниот курс бидејќи концептот за него е доста динамичен и забавен. Се изучуваат техники на спремање на коктели со користење на Барски трикови со шишиња, шејкери и останати барски алатки. По курсот кандидат ќе може техниките да ги користи позади бар и со тоа да добие подобра позиција, плата и бакшиш.

Траење на курсот:

16 часа:
8 дена по 2 часа

Курсот содржи:

99% пракса, практичен испит

Предуслови:

кандидатот мора да има
завршен основен курс
цена на курсот: 15.000 денари

Exhibition Flair

Програма на курсот:

Курсoт е продолжение на Working Flair и е наменет за сите оние кои сакаат да станат професионални Флер Бармени.

Се изучуваат многу нови и атрактивни потези и комбинации, кои вклучуваат повеќе елементи и жонглирање

Траење на курсот:

16 часа:
8 дена по 2 часа

Курсот содржи:

99% пракса, практичен испит

Предуслови:

кандидатот мора да има
working flair курс
цена на курсот: 15.000 денари

Competition Flair

Програма на курсот:

Се изучува: подготовка за натпревар, правила, комуникација со гости и сценски настап, креирање на рутина, кореографија, шоу... Подобрете го вашиот стил, присуството на сцена и како да се контролирате самите; Научете како да креирате нови потези користејќи ја вашата креативност; Зошто е важна оргиналноста; Како да тренирате правилно; Како да тренирате за натпревар; Синхронизација со музика; Научете да бидете побрзи и повешти.

Траење на курсот:

16 часа:
8 дена по 2 часа

Курсот содржи:

20% теорија, 80% пракса,
практичен испит

Предуслови:

кандидатот мора да има exhibition flair курс цена на курсот: 15.000 денари

консалтинг

Бар менаџмент курс

Курсот за Бар менаџмент на Barevolution центарот за обука на Бармени има за цел да се развијат и да се зајакнат иновативни менаџерски вештини, лидерство и стратешки вештини потребни за да оние кои имаат раководни улоги или одговорности.


Курсот е според програмата на IBA (International Bartenders Association), и по завршувањето на истиот добивате сертификат од IBA кој е меѓунардоно признат.

Бар консалтинг

Бар Консалтинг за сите видови угостителски објекти, било да се новоотворени или веќе работат. Ќе ви помогнеме да ја зголемите продажбата, квалитетот на услугата и храната и пијлоците.


Консалтингот опфаќа: креирање на мени, тренинг на персоналот за поефикасен и квалитетен сервис, дизајн и опремување на барови со цел да бидат функцинални и практични, обука за бар менаџери, промоции и маркетинг