коктел кетеринг

Кетрингот е еден од најважните фактори за успешен настан. Затоа, нашиот Бар Кетеринг е нешто повеќе од најобично послужување пијалоци.

BARevolution го прилагодува кетерингот според презентацијата на брендот и темата на настанот и ви нуди уникатен концепт, единствен само за вашиот настан.

Коктелите се секако најатрактивниот дел од секој кетеринг. BARevolution тимот ви гарантира дека ќе ги добиете најдобрите коктели бидејќи главни состојки во секој коктел се квалитетот и професионалноста. Изборот на коктели кои ви ги нудиме е голем: класични, Pre-Dinner, After-Dinner, популарни, егзотични, безалкохолни...

Исто така, можеме за вашиот настан или забава да креираме коктел кој ќе одговара на вашиот бренд или тематиката на настанот. Нашиот избор е секогаш квалитет и затоа за подготовка на коктелите секогаш користиме премиум брендови и најдоброто свежо овошје.

Нашиот избор на коктели, вина, алкохолни и безалкохолни пијалоци ги задоволува потребите и вкусовите и на најпребирливите клиенти.

коктели

Коктел кетеринг

Коктел Кетерингот е најинтересниот и највозбудлив дел од целокупниот кетеринг сервис. BARevolution е единствена и специјализирана компанија за коктел кетеринг кај нас. Квалитетот на коктелите и сервисот секогаш се на највисоко ниво без разлика на темата на вашиот настан.

На Вас останува само да ги одберете коктелите од нашето богато мени и да уживате во забавата. Тимот на BARevolution ќе се погрижи за се останато: мобилен коктел бар, чаши, барска опрема, алкохолни и безалкохолни пијалоци, овошје за декорации... Не треба да се грижите за поставувањето на Коктел кетерингот, тоа ќе биде средено пред да дојдат гостите.

Flair Bartending

Flair Bartending e модерен и атрактивен начин на спремање на коктели кој вклучува акробациски движења на шејкерите и шишињата. Со working flair техиките Бармените ќе ги подготвуваат вашите коктели и сето тоа ќе изгледа течно и атрактивно. Брзината на сервисот и услугата сепак ќе остана на најависоко ниво

Exhibition flair или Flair Show, е атрактивен настап на нашите Бармени со цел да се напрви шоу и да се подигне атмосфетрата на вашиот настан или забава. Со одлична кореографија и музика ќе уживате во шоу кое ќе го одбележи вачиот настан и забава и за кое долго ќе се зборува.

Exhibition flair / Flair Show

Exhibition flair или Flair Show е атрактивен настап на начите Бармени со цел да се напрви шоу и да се подигне атмосферата на вашиот настан или забава. Со одлична кореографија и музика ќе уживате во шоу кое ќе го одбележи вашиот настан и забава и за кое долго ќе се зборува.

Тимот на BARevolution е составен од професионални и обучени бармен и келнери кои ќе ги задоволат сите ваши барања. Сите од тимот на BARevolution поминале низ специјален тренинг за служење на кетеринг.

Изнајмување на опрема

Изнајмување на опрема - доколку на вашата домашна забава сте решиле вие самите да ги послужувате гостите, а немате доволен број на чаши или пак ви требаат чаши за било каков настан, забава или презентација.

BARevolution ви ја нуди услугата изнајмување чаши. Цената на изнајмување е од 20 до 50 денари по чаша, зависно од видот на чашата, а минималниот број на чаши кој можете да го изнајмите е 100.